зароси (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од сеништата бегам кон сеништата стасав  претворен во оној долап што беспрекин се врти  и чека да заросат води и браздата да вјаса  и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
        
      
    
    
    
      „Липа“
         од Матеја Матевски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На Грамос, ден преку ден, мора да подзаврне, да зароси.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Надвор пак зароси. Замина камион натоварен со буриња.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мирис на влага прокапа низ скалите и тукушто излегов, навистина зароси.
        
      
    
    
    
      „Ниска латентна револуција“
         од Фросина Наумовска 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се менат боите. Одблесокот на сончевината го снема и зароси.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од кај Морава, црни облаци и некаде по полноќ - заросува.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)