заплиска (св.)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Гнилите гранчиња крцкаа и се кршеа... Ги заплиска свеж планински воздух.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Водата преку каналите речиси директно влегува и во домовите на оваа пространа рамнина, а каналите ги поврзуваат и големите реки Рајна, Меза, Одра со Северното Море кое ја заплискува северната страна на Холандија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Заплиска пороен дожд Дожд од солзи... Во сенката од пеколни воздишки, Плачеше и темнината Се гаси и последниот фенер во ноќта, Под сенката на мракот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Дали тоа беа незапирливите бранови на егзотиката кои ги заплискуваа бреговите на духовите на Европа во времето на егзотизмот, во времето на безрезервната потрага на изгубените моќи во источните вредности или причината едноставно беше во нешто друго?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бранот плиска и небаре го гали мртвото тело, удира полека, се враќа и одново ја заплискува неа, непознатата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)