западне св.

западне (св.)

85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Струеше тоа леко и меко, доаѓајќи од некои далечни западни врвови на Плачковица, носејќи со себе миризби на далечини, на задпланински полиња...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Есента беше длабоко навлезена, сонцето веќе заслабнато, западнато. Немаше ни од кај да угрее, ни што да угрее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Западнал така меѓу аскерот но без своја волја и распонот од Кукулино или од некое соседно село Констатнтин Цапар, вдовец со две деца, незаштитен да трча под фес и со предолга пушка кон топови алафранга и кон српски стрелци но со надеж дека ќе ги прерипа плитките ровови и ќе им се врати на Али Ризовите војници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кај западнав, господе, си мислам, зар со овој џган ќе живеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Западнав во голема неволја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Речиси цела ноќ слушаше домашни и странски радиостаници, западни и источни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа ќе доведе Балканот да западне во лоши историски делби, преполни со тешки последици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Феминизмот“ беше злоупотребуван од државниот социјализам за да ги обележи расипаните западни жени кои ги мразат мажите и можат себеси да си го дозволат луксузот да бидат во мошне привилегираните кругови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Корнел смета дека иако МекКинон „површно го отфрла сонот за симетрија, кој нас нѐ одмерува според машката норма,“ таа сепак“ не може а да не западне во оној мошне стар сон, имајќи ги предвид границите на нејзиниот сопствен теоретски дискурс, кој нужно се откажува од жената како женственост, бидејќи таа може да „гледа“ единствено од маскулинистичка перспектива“(151).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На некои западни феминист(к)и ситуацијата им изгледаше парадоксална - назадување во статусот на жените, а мала феминистичка свест.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Автентичноста, оригиналноста - кои за нас беа критериуми за препознавање на вистинскиот уметник од официјалната сфера - се согледани како наивни илузии од понапредните западни цивилизации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите западни градби ја обележуваат и слават смртта, од Кеопсовите пирамиди преку европските цркви и катедрали“ (Гринавеј).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствено тогаш тие ќе бидат во состојба да создадат околина и технологии што ќе го имаат овој врамнотежувачки, внатрешен ефект, наместо да бидат агресивни, маскулини, западни приоди.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите беа прогласувани за виновни во сталинистичка Албанија – и луѓето кои знаеја странски јазици, посебно западни (латентни шпиони) и луѓето кои нешто имале (латентни шпекуланти), и свештениците од трите вери (латентни предавници), и противниците на колективизацијата (саботери).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не заборавајте дека постоеле во светот повеќе атеистички модели: источни и западни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе