заобиколи св.

заобиколи (св.)

Тоа е јасен доказ оти нејзината среќа не зависела само од Србија и Бугарија и оти високите планини што ги заобилколуваат македонските котлини уште не се таква опасност за заедничкиот политички живот кај нивните жители.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти роднина ли си ѝ? Не ѝ одговорив; ја заобиколив и ја отворив вратата без да тропнам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледајќи во никого, го заобиколи Арса и појде кон ширум отворените порти на дворот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Големите деца веднаш го заобиколуваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Уште пајтонџијата не ги беше застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е заобиколено во ѕидиштата, сѐ е обвиено во патина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе се затрчам да им се доближам, а тие само ми се оддалечуваат, ме заобиѓаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку го гледате со часови како вечна стража го заобиколува домот, нигде место не го бере.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На денот на празникот на манастирот, од Солун достаса стрикото Онисим и без да заобиколува му изложи дека треба и зошто треба веднаш да се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги подаваат, две по две, рацете, се заобиколуваат со нозете. ,Кротко терајте карванот", пеам, а жените се вртат, замавнуваат со колковите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бавно ги заобиколувала лочките на својот пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премногу трагична историја што не го заобиколи ниедно семејство, со неизбежни разминувања и судири на животот и смртта...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе