занеми св.

занеми (св.)

МАНОИЛ: (Занемува и се грчи)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И сума друзи работи на срце што ти легнале да не можеш да искажеш, а сал да збираш и тлееш, од ден на ден да црнееш, до дека јазик свој роден не зарѓа не занеме и прво млеко цицано од топли гради мајкини во отров не се преврти.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Молкнаа усти погани, стариот Белич занема над книги празни, глупави за јазик и наречја.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Ха-ха-ха ... Гледате ли? Кој може мене да ме уништи? Бегалците занемеа во уплав.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледав во старецот сениште и занемев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вземи пропадна од срамови. Што да одговори, занеме, запусти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Детето занеме. Нејзиниот глас го пресече, скова. Крилата на радоста му натежнаа, смалаксаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ занеме под високите сводови: зацари ледениот здив на смртта. Зловешто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Позициите веднаш занемеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се счучури во ќошето и занеме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Занеми! - ѝ реков, - Што ти е гајле тебе? ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Учителката се оптегна на клупата пред нас, занемена и вжолтена.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Занеми! - му свика Коле. Ние молчевме загледани во камењата пред нас, страшно стиснати.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се создаде некоја врева, зачкрипеа кочници, а кога се подисправив и ја свртев главата - занемев од ужас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се колнам занемевме сите кога од своето место, на предната клупа, како изгорен со револвер в рака скокна татенцето, кога како најлудо птичиште крикна: - Проклето фашистичко куче, нема да бесиш, - го напери полниот револвер право во несреќното момче Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мил боже, нѐ пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Би можеле да го убијат како мува, ме погоди таа мисла и јас занемев во часот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе