занаетчиски (прид.)
Иако не беше ни малку наивна, ни лекомислена таа се нагрби со едно скоро невозможна работа за тогашното време и прилики, се нагрби да отвори занаетчиско училиште за младите девојки од гратчето и околните села.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тука од векови бил развиен занаетчискиот цех на тантеларите. Тој примат и денес го држи во свои раце.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој идеален филм за мене е нешто исклучително добро напишано, занаетчиски добро направено во сите свои делови за сите дисциплини да можат максимално да бидат искористени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Наместо претходното ниво на приход од авторски договор, вршење занаетчиски и други работи со висина од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството, критериум стана нивото на приход од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката (чл. 6, ЗИДЗВОСН/03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прво, и според овој закон невработените лица можат да ги уживаат поволностите пропишани со овој закон при отпочнување со вршење дејност како трговец поединец, трговско друштво или вршење друга стопанска или занаетчиска дејност (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Камилски се задржа и на многубројни лексички траги во балканските јазици на занаетчиската терминологија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)