замре св.

замре (св.)

Скржаво крцна стара врата, зад неа замреа поткованите чекори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги стисна забите и замре, ослушнувајќи ги своите мисли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги забуцна ноктите во едната дланка и замре.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Замореност стоеше на неговото побледнето лице и двајцата сакаа час поскоро да се заврши тоа измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во замраченоста се тетеравеа вкочането затворениците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги следеше, сѐ додека со до крајни граници изострениот слух можеше да ги слуша нивните крикови што замреа во темната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога последните сончеви зраци замреа зад западните планини, таа, уморна и бесна поради немоќта, но, како секоја жена во дното на душата задоволена поради поразот, го поттикна момчето: Се предавам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми сигурно чувствуваше дека гладот, речиси хроничниот глад во семејството ги свенува нашите души, насетуваше како замира нашата врева, без која му стивнуваше и еланот да чита, да мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеше да го чуе замирањето на последната сирена. Патот беше одново пуст. 91
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вресокот замре пред да влезе мајка му. 23
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш сè замре во ладна сива статика и бескрајна песна на вештачкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И песната ветрова одеднаш замре.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повикот за современо време и историските задачи на тоа време, што е предуслов за цивилизациско опстојување на секој народ, овде под народњачката агресивна репресија во последните неколку години потполно замре.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секогаш кога ќе помислам дека замрел сфаќам дека тој е сѐ уште тука.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но сега, без Татко, натажената мајка, колку и да се бореше ѝ остануваше верна во читањето, библиотеката тивко замираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако во градот владеел мир, стопанската активност кон средината на мај сѐ уште била речиси наполно замрена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не ни забележа кога почна да успорува во својот трк низ шумата и не ни слушна како вревата на селото замре низ него...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чекорот му запре, а тешкиот облак од врел уморен здив замре пред неговата уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе