замечтан (прид.)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Тука мразот беше заискрено бел, исто како сребрената смеа на пената, а таму беше сосема зелен, како замечтаените самовилски вирови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
До вратата стоеше неговото срнче, со подигнато замечтаено главче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)