закорени (св.)
Навиката да носам секогаш нови долги панталони се закорени во мене како песочно зрно во школка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На Мусли бег тоа му одеше во прилог, веруваше дека на тој начин меѓу чуфлигарите ќе се закоренат некој вид натпревари, па кон нив и нивните предлози пројави особена наклоност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Навикната да носам секогаш нови долги панталони се закорени во менекако песочно зрно во школка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тешко е... Многу е тешко закоренувањето. Ама, не мери ја тежината во килограми.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)