закопан прид.

закопан (прид.)

Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
7. Берлинскиот договор вистина е закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која го изврши соединувањето со Источна Румелија со насилствен преврат – без согласност на државите што го потпишаа Берлинскиот договор, а со нарушувањето на еден параграф се нарушува и целиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека не мислат оти тие можат да бидат закопани, како што е закопан Берлинскиот договор со неговиот 23 член за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако срам ме залиса оти сум жив а закопан, кажи ми, кажи, Фиданче кај да се кријам со лице?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќава - дел во оние стари добри пегли со јагленово загревање, дел во радиотот чиј механизам го однесоа во вреќа црни и дрипави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во кој ја чував Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не прашува каде е закопан и се поти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си, Анѓо, или твојот дух?! – и застана како закопан на местото ѕурејќи се во жената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коњот исцвили, ги испружи предните нозе и застана како закопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За прв пат јасно како острица на нож блесна во неговата глава - жив закопан, и се виде во тој блесок како се задушува, како попусто завива за помош, како по неколку дни, избезумен и гладен, ги забуцна забите во својата измршавеност и се кине залак по залак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Патрокле сигурно има повеќе пари. Сигурно, трговец од Крит, во лири е закопан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо одеше по Глигор со закопани прсти во здолништето на неговото палто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се најде себе си закопан над колениците во снегот, крај дирата, која полека, трпеливо ја полнеше врнежот. Помисли: Си нашол по кого...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој е закопан во своето село, има споменик а на споменикот црвена ѕвезда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму, во близината на таа бука бил и закопан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ако замислиш нема педа земја што не е натопена со човечка крв и нема чекор земја во која не лежи закопан човек...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ама што е сега мојава работа? Гледам, а не гледам. Закопан сум, а не сум мртов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе