закаже св.

закаже (св.)

Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ружите во Розино оваа година процутеа десетина дена порано и затоа празникот на ружите, се закажа порано за 29 мај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми ја научил адресата преку Ташкент и ми закажа телефонски разговор. — Ало! — Ало!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали смртта си ја закажале преку некое парче момирок или по некој друг пат, што се вели, по друг телефон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И самиот бев изненаден од сопствениот неусилен шарм, па кога по пола час чрчорење, ѝ закажав состанок, го прифати со ветувачки кикот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Акцијата ја закажаа за во девет часот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ми рече дека за следниот ден закажал средба на универзитетот, пиење кафе во здружението на писателите и интервју за весникот „Милиет“ по повод подготовката за објавување во Истанбул на една од моите книги.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му се задржа вниманието на зборот „поткачија, поткачија, поткачија...“ и сега наместо на Летка да ѝ ја закажува азбуката ѝ ја зарецитира глупавата песничка на којашто неочекувано се сети и што ја паметеше уште од детството: „Тодоре, Тодоре, поткачи се погоре. Ќе видиш три жени со пичките истрижени!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лесно, на француски, ја шармира преку телефон секретарката на домот и закажа престој од 15 јули до 15 август.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Ми има закажано“, рече и само помина крај него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа фати такси кон едниот крај на градот, а тој тргна пеш кон спротивниот - дури не си ни закажаа следна средба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Навраќаше во Клубот на пратениците, во Клубот на писателите, во бифињата на театрите и во кафулињата каде што му закажуваа новинарите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КРИСТИНА: Имам закажано кај фризерката, козметика и депилација.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април.  Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше закажана и свечена седница на Парламентот за овој историски настан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Она што е заведено во бележникот на секретарката на другарот Јаким Ниновски дека состанокот помеѓу него и другарот Јаким бил закажан за во вторникот, на 18 јуни, воопшто не држи вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе