задоцни (св.)
Слушате ли? Слушате ли? А јас не сум таму! Задоцнив!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ајде тој веќе има зошто да се лути: задоцнил. А и инаку пишман е што се родил...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: А ти малце задоцни...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Сѐ ќутуци, околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам. да задоцнам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Му викам на Анѓелета, задоцнети сме...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ајде брзо кажувај што се задоцнавте! Душава ми искочи, не е шега... А има и зошто!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кушо дојде до оганот како кабаетлија што задоцни; рече: „доброутро“, ја симна и тој капата и со „благослови оче“, му бакна рака на попот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но... Задоцнив. Сѐ беше свршено. Неа ја немаше. Ме оставила. Си отишла... визит-карта
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: Не ми се допаѓа ова нивно задоцнување. (Погледнува кој знае по кој пат во часовникот.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Не станува збор за тоа задоцнување. (На Младичот.) Вие требаше да стигнете со попладневниот воз?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЕТОДИ: Возот, возот задоцни дваесет и седум минути.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го подјадуваше немир, страв да не задоцни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Како не помислив на тоа. Ами ако задоцни Патрокле? Ако го испревари џелатот?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се исплашил да не задоцни и да не го испушти својот миг, помисли, затоа нашол дека ќе му биде позгодно да си почека тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Језекил, плашејќи се да не задоцни, на крајот испребрзано рече: - Ха...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Задоцнив, па не знам каде да влезам. Во нашата училница има други ученици.“ - одговори Соња плачејќи.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Писменцето го зафучи крцкајќи со забите. Одговор добивме со задоцнување.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Васе влезе зазбивтано и рече: - Малку задоцнив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Бојане, ноќеска ќе спиеме кај вас. Задоцнивме, се расипа џипот...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Геманските железничари со своите возови не чекаат на оној воз ниту една минута, па и било кој друг ако задоцни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)