зададен (прид.)
Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Извршував и некои други задачи, покрај оние зададени од училиштето, за кои ќе ме задолжеше одвечер мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што може да се критикува - и тука ја акцептирам критиката и аргументацијата - е начинот како деконструкцијата интервенира во зададено подрачје на компетенција.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Првата ја крши девојката која одбива да се преправа и му упатува на Ондин забелешка надвор од зададените рамки реагирајќи на неговото позерство пред камерата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
3. Верувам, драг Аристине, дека не сте можеле да го сонувате зададениот сон и да го изедете во сонот зададениот ручек, оној светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не сте го сонувале зададениот сон, туку некој друг, којзнае кој. Но, не грижете се. Тоа ништо не пречи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)