заглавие (ср.)
После нашиот одговор на објавената во вашиот лист статија под заглавие „Шпијунлуци и инквизиције бугарске“ ние така и си мислевме, дека или ќе замочите или ќе го смените тонот на вашите глупости.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во заглавието на „Нова Македонија“ редовно треба да се објавува дното на табелата на нации што најмалку читаат, а тоа се, се знае, Албанија и Македонија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Направете грешка
на рамнодушје поучете се
од заглавјето подистајте ми се
оставете ме, преселете се
и онака кај и да сте
пожелни не сте!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беренц го одвитка и само што фрли поглед врз заглавието, брзо го врати погледот кон владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)