заврне св.

заврне (св.)

Далеку Врз својата пепел заврни И мост од себе направи од брегов тебе маченик до брегон тебе недостижен Помини!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
* Седам во тремот додека заврнува дождот прво големи капки ретки звучни како пари го растураат ројот од инсекти градите што ги дави потоа под нив пее нежниот тапан на земјата меката намовнатост на прашината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тој ден кога бев во „Монмартр“ беше студеникаво, се очекуваше секој момент да заврне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И душата ми бара вода. Ама од каде вода в гроб? Ништо, Ќе чекам да заврне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мијте се добро зашто не се знае кога ќе заврне пак...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе заврне, вели, и кај нас ќе заврне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Заврна ситен есенски дожд. „Некаде да се засолниме“, предложив. „Мајкин, ќе се истопи. Шеќерче!“ ми се сврте со подбив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ќе заврнат дождови и снегови, ќе поминат во фискултурната сала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ноемврискиот ветер ја протресе куќата и додека таа зборуваше снегот повторно заврна од студеното, челично небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледаш, Август, со ногата сум сигурна дека ќе заврне!... Нема утка!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А можеби чекаат есенските дождови да заврнат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ех, барем малку да заврне, да разлади! Ова циганско лето нема крај“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
6 Природата беше измиена од првиот септемвриски дожд што ден пред тоа обилно заврна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оваа зима е некако постудена од другите, си помисли кога погледна низ прозорецот и виде дека повторно заврнало снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„И се 'затвори небото' и дожд не заврна и суша фати и глад и зло секое до разнебитие…
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе