заврви (св.)
По патот заврвеа луѓе, коли, камиони.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)