завива несв.

завива (несв.)

Надвор, во облачната ноќ, засипнато и грубо завива пес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ах таа убавина, ах таа убавина, тоа диво во крвта завивање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Со првиот мек зарез, почнаа во градот да завиваат, гладни глутници на сирени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се мислам како би било: лежам под вимето на ноќта и цицам зелен млаз. После завивам во мрак как мрак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе удри мразот, седат околу огништето, го слушаат завивањето на дивиот ветар и пророкуваат - по лутата зима иде плодна година.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува на својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По ветрометините и ветриштата не нѐ заспиваа завивајќи: Ил' со ножот ил' на него врати се!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За тоа време една кола на противпожарната милиција веќе јуреше по улиците на градот страшно завивајќи со сирената.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секој час изгледа дека ќе станат сите од подиумот и отворено, онака дека без ракавици, без завивање, решително и непомирливо, ќе се спротивстават: извинете, ние протестираме, не се согласуваме да свири сам трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И Митко го слушна завивањето на сирените и отрча на прозорот да гледа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Затоа околу мојот неископан гроб завиваат ноќе волци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За прв пат јасно како острица на нож блесна во неговата глава - жив закопан, и се виде во тој блесок како се задушува, како попусто завива за помош, како по неколку дни, избезумен и гладен, ги забуцна забите во својата измршавеност и се кине залак по залак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, вие сте си тука, внатре, и сѐ што треба да се стори, тоа е да се лежи мирно и да се слуша како завиваат, кога веќе не може да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше увиснат во таа изумрена просторија, а сите болки во неговото тело веќе почнуваа да се здрвуваат и да завиваат во секој зглоб, со својата остината оловна грутка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Човекот се загледа кон ридот, каде завива пругата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од прозорецот секогаш сѐ исто се гледа: пругата што завива зад ридот, куќичката на скретничарот и големата топола пред неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како потврда на тоа доаѓаше и пукањето што онаа вечер, кога првпат завивањето на волците ја вознемири планината, дојде од зад Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Караман! Стрела, молк! - ги смируваше кучињата, кои со своето тревожно лаење не му дозволуваа да го следи завивањето на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Аууууу! - како нож се засече во тишината стравотното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе