заветува (св.)
Кога си одеа дома боси и голи, тие се заветуваа дека нема да го заборават доброто што ги излекувал свети Димитрија и секоја година идеа на денот да му благодарат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш живите деца се заветуваа да студираат медицина, да ѝ бидат на помош на мајка ми, на семејството.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Песната, во нејзиното основно битие, е - завет, но ниеден завет нема сила сè до смртта на оној кој заветува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Можеш да замислиш какви страдалнички години помина со нив а не се осмелила тоа малечко богатство да го претвори во корка леб! Оти била заветена!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)