забрза (св.)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Банките, кои некако во тоа време веќе беа достатно сраснати со индустријата, силно ја забрзаа и ја продлабочија во времето на таа криза пропаста на релативно ситните претпријатија, нивното голтнување од страна на крупните.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во секој случај, банките во сите капиталистички земји, при сите варијанти на законодавството за банките – многукатно го зајакнуваат и го забрзуваат процесот на концентрацијата на капиталот и образувањето на монополите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но таа околност можеше само да ја забрза концентрацијата и образувањето на монополистичките сојузи на капиталисти – картелите, синдикатите и сл.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
При таа мисла тие неусетно ги забрзуваа чекорите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ќе го стореа тоа, но навреме забрза дедо Геро и ги скара.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Пријателе, ние ја носиме лагата во себе и едно не знаеме: дали нѐ одржува таа во живот или ја негуваме за да ја забрзаме својата смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сите нервно забрзаа со работата... Аргир силно ги набра веѓите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо забележа дека Долгиот сега оди слободно исправен. Ги забрза чекорите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа неочекувано забрза, како да го совлада желба брзо да се отчепи од таа своја должност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Малиот црномурен коњаник прилепен за неговиот грб, мавташе со рацете, викаше, забрзувајќи го својот белец.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од утре, господине, слободно забрзајте кога ќе го минете мостот.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Тој роднината, му бакна рака на болниот старец, промрморе одвај чујно: „Прости ми, мили дедо”, па ги свика кучињата што Денко ги беше нахранил и со торба преку рамо забрза преку Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ајде, наздравје косење! - дофрли Кирил и забрза по патеката кон стубелот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога сум пред нив, забрзувам, а кога се враќам куцам побавно, чекам да задамни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа нѐ тера да го забрзуваме одењето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)