забележителен (прид.)
Учебната година помина без особени забележителности.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во неговите постапки имаше забележителна решителност.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Исходот е забележителен: голем квалитет на извршување, вистинско руско уметничко дело кое го поставува прашањето на некаков нов естетизам наспроти изјавите на авангардистите од 70-тите и 80-тите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако уметниците денес лесно се категоризираат според нивното медиско претставување, Жилберт&Џорџ во Европа и Америка би биле протолкувани како Британски мајстори, а во Британија како забележителни ексцентрици кои во себе кријат многубројни опасни склоности.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Според добиените податоци од изворите се верувало дека ќе се дискутира за „забележителна преголема независност на македонската влада од владата во Белград“ како и за „македонската отвореност во формулирањето на барањата за грчка територија што, се верува, на ТИТО му предизвикува непријатности.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Костумите во неговиот плакар, го загубија редот, на пријателите околу себе можеше да им понуди само огорченост која никој не ја сакаше, така што тие почнаа незабележително да го избегнуваат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од десет часот предручек, кога ги дотераа, па до четири попладне, не се случи нешто што-годе забележително, само што им ги собраа личните карти и не им даваа никако да седнат, ами мораа да стојат сѐ простум, како за почит пред силината на власта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не сакајќи да избегам од мојата опсесивна тема Театарот, ќе кажам дека во нашите театри завидливоста и појавата на плагијат, зборувам воопштено, скоро е незабележителна, то ест не дава никаков прилог кон сценското творештво.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Годинава, најзабележително беше оценувањето на членот на жирито од Албанија: со највисоки оценки, ги награди интерпретаторите од нејзината провениенција.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)