жртвува (несв.)
Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; сили со радост ќе зберам.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но во Владиното соопштение има уште едно многу важно место: револуционерните комитети, според изразувањето на руската влада, сакаат да создадат “Бугарска Македонија”, а Русија, за којашто се блиски и интересите на другите христијански народности во Македонија, не може да ги жртвува нивните интереси за Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега ќе ме убиеш ли, ќе жртвуваш ли жив човек за мртовец?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ѝ веруваше дека ѝ се одблагодаруваш за нејзините рискови да падне во рацете на полицијата, да загине за нешто што не умееше да го разбере наполно и беше готова да го жртвува само заради љубовта кон тебе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А кутрото Мече, иако е подобро од сите твои прстиња, треба да се жртвува за тебе.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Да знаеш – јас се жртвував за тебе! Запомни!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Зоки се жртвува Стариот чичко доктор дојде да го прегледа болниот Зоки и притоа рече: - Ќе треба да му ја испитаме крвта на Зоки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
За Колета секојпат сме готови да жртвуваме сѐ. А и тој за нас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Драги мој! Верувам дека е рајот нешто пријатно, но сметам дека благонаклоноста на народот не е нешто помалку сакано и дека не се мами тој кој се жртвува за неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чанга ја избра новата балканска варијаната на масовното жртвување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И тоа најмногу го плашеше во однос на судбината на козите и на Чанга. Тие беа жртвувани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Слегуваше до дното на смислата на своите книги за козите и историјата на „третата империја”, па гласно размислувајќи рече: – Сега, во империјата на сталинизмот, место да се жртвува „главниот јарец”, се убиваат козите... – Да – потврди Чанга – ги убиваат козите!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Жртвувањето на косата на мажот е древен знак за свештеничка позиција, почнувајќи од потполно истрижените глави на египетските хиерофанти до тонзурата на католичките свештеници и будистички калуѓери.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)