живинка ж.

живинка (ж.)

А тој беше едно такво занесено човече, со оние свои чудни мисли, така што по цели денови му се сновеше низ главата дека и човекот, како и сите други живинки, што ја лазат оваа земја, би требало да чекори на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Каква е таа неправда, мислеше тој, најмудрата живинка, а си ја исправил само на двете, толку чипо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полјакот постоја малку како живинка што одненадеж покиснала, а потоа кон луѓето `рзна заканувачки и се загуби надолу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И еве го, наголеми и таа живинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)