женска (ж.)
Да, ти ја избра топлата женска прегратка, наместо студената прегратка на ропската земја …
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Пуста да остане и работа, мори жени! — се плачеше Митра кога се подигаше разговор за женска работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Рацете му се потеа од замислена белина на женска кожа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дали бујната Толева природа, или Митрината женска сурова страст.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Освен женската, која во оваа година - ќе се врати токму за 2.000 години назад, и по малку ќе наликува на таа на Римјанките.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не ми се прима ни миризбата на нејзината женска пот, вели, на нејзината кожа, на нејзината плот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После одиме по куќи и прашуваме: колку машки, колку женски, како се викаат, како се презиваат. Им ги менуваме презимињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Другарката Оливера не си ги валкаше рацете, таа со каиш по грб, а над сето тоа правеше и една многу грда женска работа, удри и штипни, в срце да те изгори.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во таа шарба од зелени нијанси се оцртуваше само една женска прилика во бел фустан и се чинеше како сето тоа да е едно големо сликарско платно.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Дозволете да забележам, ваша светост, кај суптилните природи постои исклучителна нишка, дури женска би рекол. Секако под наводници.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во тргањата гледал молскање на соголена женска нога до полната пребела месечина на валчестиот колк.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Згора на тоа е сексуален монструм, не по изглед, туку по душа. Воопшто не е згодна, а изигрува страшна женска.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Камо јас да можам да најдам некоја женска во овие мочуришта.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Не е лошо. За некои мочуришта. И некоја женска што живее во нив.”
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Имам една женска во Њу Орлеанс, ме чека. Дајте ѝ шанса на младината.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ги гледав луѓето како минуваат. Беа куци, згрбавени, лошо градени, а пак женските...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тогаш типот извлече женска шапка од џебот и ја стави на мојата глава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)