жеден прид.

жеден (прид.)

Таа ги просветува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти поставија духовен органон и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за божји разум, со неа мнозина се насладија со животворна храна.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ, невидлив бој ти водејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А момчета, Б'лгарчета, в двор'т седјат накуп, с жедно срце, с жедни очи мигајат, погледват.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А мнозина што се погодени лесно, испотени, жедни, и жедни да платат, со пеење одат, со пцуење бесно, на Вињари нова пусија да фатат.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
АРСО: Како ноктите твои. (Посилно.) Е, никога не сум бил волку жеден!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не верувам да ти се жедни бригадирите ... – го закачаше весело и потаму тој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како преку ноќ да станало некое чудо, тој трчаше неуморно од едниот крај на другиот, носејќи им студена вода на жедните бригадирци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Петко се поднасмеа под мустаќ и му вели: — Море, побратиме, жеден коњ матна вода не гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Светот - свет е, а ти - крв и рана, кој го слути твојот жеден плам, и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш сам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Жеден сум, жеден. Ќе измислам еден роденден, рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сеедно ми е дали сум жеден и дали ќе ја испијам сета роса од пајаковите лулки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се освести дури предвечер, со тапа болка во целото тело, капнат, жеден; ги отвори очите во очекување дека ќе го види пред себе оној гол камен и се изненади.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Изгубен и жеден, се наведна над проѕирниот поток и ги подаде усните кон водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука лежела таа, гола и жедна нива, и чекала да ја оплоди, да ја осмисли во нејзиното постоење, а тој, чувствувајќи го нејзиниот мирис повеќе од свест отколку со сетила, ги одморувал своите дланки на сомотски врелиот стомак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, ти велам, шприцот ја влече течноста од стаклениот кожурец. Жедно ја пие. Жедно до грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На овој даб името ќе ти го напишам дождовите да го симнат жедните в земја да ги напоиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се разбудуваше испотен и жеден, нејак да го разбере ноќното кикотење на Мануша и на сувата русалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чудна радост ѝ го озари лицето, како одвај да чекала да напои жеден човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Делкај цела ноќ“, и тој делкаше сега со показалецот на среќа, но сето тоа беше напор на жеден човек што цеди капка вода од сува земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе