жеволи (несв.)
Црно, бело, ама мора да се жеволи, да се турка да ми се исушат алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се надберуваме со Оливера Поточка и само жеволиме и ждригаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Прво така, а после и за други. Што било лошо во тоа? Да лежат и да жеволат иловица?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)