ждребица (ж.)
Помислив, еве уште една нестрплива млада ждребица пред трка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога го убиле Троцки за’ржале сите коњи, кобили и ждребици на црвената коњица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)