жаргон (м.)
Тој израз ретко се употребува, тоа е особено поетски збор за љубовник (-ичка), така што овде повторно имаме иронична јукстапозиција на вулгарниот жаргон и литературниот јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, најголемиот дел на алузиите се однесува на „la bite“, што претставува француски збор во жаргонот за пенис: ... „а јас, јас имав свој пенис во спиралата“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
линго - вид јазик (сленг или жаргон)
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Потоа го привлече говорпишувачот и издиктира една порака на хибридниот жаргон на министерствата:
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секое содржеше по една порака од само еден или два реда, во скратен жаргон - не вистински Новоговор, но претежно составен од зборови од Новоговорот - што се употребуваше во Министерството за внатрешни цели.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Але Пале во актуелниот скопски жаргон е прекарот за „Александар Палас“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Овој пристап во нашиот новинарски жаргон го викаме некролошки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па, драги пријатели, нашата армија сѐ уште нема свој војнички жаргон!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Потоа веднаш да се консултира Институтот за македонски јазик и Филолошки факултет, и да се создаде АРМ- војнички жаргон.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И добив критика каква што заслужив: дека многу е неправилен и неконзистентен јазикот на којшто пишувам, ниту литературен ниту народен, ниту академски ниту уличен, ниту жаргон ниту дијалект, ниту вода ниту киселина...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
НОВЕ: Господине Божо, треба ли помош? ЈАКОВ: Во жаргонот на мојот школоки другар тоа значи треба ли некому да му скрши 'рбет со пендрек.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Трговски центри го заменија градскиот плоштад, но постои значајна разлика во нивната функција: „За разлика од старите градски плоштади, кои беа и сѐ уште се места на дискусија на заедницата, на протести и политички собири, единствениот вид на говор што тука е добредојден е маркетиншкиот и другите видови на потрошувачки жаргон.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ние имаме, во банкарски жаргон, „кредитна историја“, што значи земаш, па почнуваш да враќаш, прво уредно, па потоа со мало доцнење, па доцниш 90 дена и потоа добиваш нов, со кој го затвораш стариот и раат си.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Иако презирам провокација заради провокација, сакам да го избегнувам академскиот жаргон, секогаш кога тоа е возможно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)