жабра (ж.)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ било вода во која живеел еден вид животинки: полноглавци со мали нозе и со жабри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како дише чудовиштето, со што? Дише студ за да не се усвити од зли желби. Со жабри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се бесеше и докажуваше невозможности: месечината е глава со очи и уста на некој господ, во големите реки живеат луѓе со жабри, мраморната жена без нос што некој ја ископал зад гробиштата на Кукулино еднаш ќе оживее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По песочното крајбрежје коњи фучат Нозете им се долги (со колената ги допираат жабрите што им израснале на вратот).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)