жаба (ж.)

Прошетал по сето Коњарско поле и слегол дури на Врбјанско, крај блатото, та си се најал жаби, кауѓерици, скакулци и гуштерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Измислувавме прекари за луѓето - општинскиот писар го крстивме Скандалија: некој од нас чул, за нашето ноќно викање рекол дека е скандал, мајка му на Бата Жаба, Бата - Жабурче, татка му - Бастум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И уште двајца: Циганчето Паљо, молчеливо сираче со расечена зајачка усна, и Васко, надарен без страв да фаќа живи гуштери, жаби и змии.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, невестата си е за невеста, токо, ај стоплите нешчо, оти цревата почнаа да ми кркорат како жаба моклишка! — вели Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со пликови), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговиот последен здив не ја размрешка зелената вода до врв наполнета со ѕвезди и жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе сврти - жаба! Ќе сврти пак - штрк! Ќе сврти уште еднаш - штркот ја држи жабата во долгиот црвен клун!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ама чудно! Сашо ѝ се лути и на жабата. Зарем не можела да се скрие како и сите други жаби? Тие се скриени и штркот не им може ништо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оној другион се мени во зелена боја. И се смалува, се смалува и тој е веќе една обична блатска жаба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жабите во торбите заврескаа панично. Но веднаш ги испразнивме кај оној со казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој молчеше загледан во желките и жабите што лазеа бегајќи подалеку од казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жабите се подготвуваат за голем пролетен концерт...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што ѓавол е сега ова? Глушец ли е, жаба ли е, птица ли е?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Абре, тие јадат жаби и змии, ќе рече Доксим Тренчески, а камо ли скапани патлиџани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние стоиме, а од реката крекаат некои жаби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И жабата е повисоко од мене, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе