естрада (ж.)
Дали таму сѐ уште има некоја благородна субверзивна енергија или сѐ гравитира кон бедната естрада моделирана од ступидните медии?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Една од врвните ѕвезди на нашата гатачка естрада е госпоѓа Сабина по националност Бошњакиња али жената е сестрана и полиглота која со својот тарот знае да ви прорече судбина на поише јазици и да ги обедини сите националности као у времето на Тито.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Не сака творецот својата театарска артикулација да ја еманира од естрада која е елемент на државна институција-да речеме зграда.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ме молеше да отидеме во дискотеката „Парк“ каде што седеле во сепаре со двајца многу познати пејачи од македонската естрада.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)