ерген м.
ергенува несв.

ерген (м.)

Јас те пратив на лозје, Калино! ти на лозје одиш, бело грозје береш, на ергени даваш, мори Калино!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ѕирна избричената глава на стариот Атанас, самоук столар, ерген и осамен како калуѓер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Море, каде вака, Крле, Горно мало? — го запраша слободната Бојана Катина, која со сите ергени правеше разговор и секого го задеваше — и што треба, и што не треба. Крсте поцрвене како рак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ѝ рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген" — таа не ѝ остана должна, ами ѝ врати со истата мера и подбишега: — Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ене и не, каде одат по триесет години ергени и не можат да се проженаат, а тебе господ ти навева среќа: ошче на деветнаесетте да бидиш домаќин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чини ли? Што велиш ти? Кој ерген бендисуваш од вашите, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најпосле, и овде доаѓаме до третиот и најважен чинител на нашата равенка; ѕвездата е и симбол на Каменот на мудроста, единството на небото (Ергенот) и земјата (Невестата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како триесетгодишен ерген носам лузни и читам весници - херпес, сида, азиска гонореја која го победува секој познат антибиотик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мајка ѝ“, рече Никола, „да беше каква што не беше, кога Гала се замоми, плачејќи и коси корнејќи ќе ја пееше она народната Не крши се како риба низ водата Како змија низ тревата! Не ги гори ергените...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ергенска вечер Последната вечер на планетата Земја.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Повеќе