екипаж (м.)
За ова време Аџи Јане ликуваше со забитот и целиот екипаж.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од бродот нѐ гледа капетанот, целиот екипаж.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се поздравуваме со морнарите, со екипажот на бродот, ама рака никој не пушта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Делото на Шатев било потврдено и од изјавите на екипажот на „Гвадалкивир“ дадени пред конзуларните власти и пред Судот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Предо, според километражникот на колата, најшетан член на екипажот, си призна: - Ни чул ни видел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како што кажуваа, на бродот, покрај грчкиот екипаж, имало тројца Грци преведувачи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Екипажот беше романски, медицинските сестри и дел од лекарите беа Полјаци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)