едукација (ж.)
Гронинг: Во 60-те имаше многу празни ветувања за прогресивната едукација, но вистинската слика беше оваа: поголемиот дел од колеџите беа или додатоци на големите универзитети или беа сместени во нечија приватна куќа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој ги ценеше нивниот високо развиен стил, свежиот квалитет на „наивно” посматрање, како и „независноста од влијанието на италијанските и холандските стари мајстори”, на чии што дела се базираше неговата едукација претходните пет години.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Декриминализацијата на дрогата оди рака под рака со едукација за дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Според него до подобрување на животот на народот би можело да дојде со една програма на едукација преку која би се подобрила хигиената и здравјето, а животниот стандард би можел да се подобри за кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Пушти го на едукација! Знаењето е сила, знаењето е ќеиф!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Овој нов член пропишува дека при вршење на инспекциски надзор инспекторот на трудот е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или работодавачот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Едукацијата ќе се смета за спроведена доколку во закажаниот термин на неа не се јави работодавачот кај кој била утврдена неправилност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)