единствен (прид.)
За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејки ѝ беше единствена потпора, левен, чедо на мајка си првно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
На Радета Стајко му беше единствено дете; Ти, пак, Стајковата надеж.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- Да. Црквата треба да биде имено Едина и Соборна, а не српска, грчка и бугарска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Разбирливо е само по себе колку е отежната конкуренцијата против тој, фактички единствен,
светски труст, кој располага со капитал од неколку милијарди и има свои „филијали“, претставништва, агентури, врски итн. во сите краишта од светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
„Најпростото и затоа најчесто употребуваното средство да се направат билансите непроѕирни се состои во тоа што единственото претпријатие се дели на неколку дела во форма на основање или присоединување на „друштва-ќерки“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Интересите на извозот на капиталот исто така ги туркаат кон освојување колонии, зашто на колонијалниот пазар е полесно (а понекогаш и единствено можно) со монополистички методи да се отстрани конкурентот, да се осигураат лиферации, да се зацврстат соодветните
„врски“ итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Овие придобивки, а особено дијалектичкиот метод, ги усвои дијалектичкиот материјализам како единствен современ научен светоглед.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Единствен човечки влез е од улицата; таа е невозможно тесна и претрупана со деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Единствената печалба што му ја печалаше Крсте на поп Петтка беа рибите со кои тој често се гоштеваше, та дури гости и пријатели чекаше со нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Најпосле, тоа не е единствена жена во мојот живот.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)