еволуира (св. и несв.)
Фројдовите теории, во еден или друг поглед, еволуираа и се менуваа низ повеќе од четириесет години.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кинеските Таоисти развија учење за препуштање на она што тече - не-закачување за структурите на идеите, постојано менување и еволуирање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Општата интерпретација на тековниот слом на Источните режими ја крие взаемно одржуваната илузија дека светот униформно ќе еволуира кон ЗАПАДЕН тип на владеење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Трибалниот нагон за власта, нестивнат уште од падот на Отоманската Империја, тешко еволуираше кон излез.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Директор: Следи објаснување со синоними-лапач, арамија, чауш, буџован, голема глава. Еволуира во менаџери и јак чоек.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Па, во интерес на еден помалку на токсикологија, а и поради фактот дека ни ти не можеш баш да се пофалиш со интелигенција, па лесно еволуираш од глупава во поглупава... и најглупава, го удостојуваш со еден час, ама само кафе и толку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие ќе го сочуваат зачуваат нивниот кастилијански јазик, кој ќе еволуира во повеќе јазици (еспаниол, ѓудезмо, јудио, ѓидио, шпањолит, ладино итн., но ќе се развијат и јудеофранцуски, јудеоиталијански, јудеотурски и други).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што со текот на годините предметот еволуираше, така сѐ помалку се занимаваше со иницијацијата на возрасните, па стана пососредоточен на геј- акултурацијата што почнува во раното детство, без свесното учество на потесното семејство и спротиводно од очекувањата на општеството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие афекти се од едно време кога не биле ни замисливи никаков остварен геј-живот и некакво зрело сексуално постоење, а нивниот присушт архаичен карактер изразува ретроградна состојба на чувствување, како што и нивната истрајност во внатрешниот живот на возрасниот геј-маж го сигнализира неговиот понижувачки неуспех да еволуира над неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)