думан (м.)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Околу нас се крева прашина, думани прашина се крева и не затскрива. И сѐ така, тукуречи до шумата. До Зајгазица. Кај изворчето. Таму подзапираме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Му ги кршат носот и вратот, му ги дупат очите, му ја двојат главата од телото, се креваат думани прав.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ние во подруми. – А кај беа нашите борци, нашата власт, Мајко? – запраша најстариот брат. – Сите думан фатија. Ќе се организирала нова војска.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Туку, кај запрев, изумив? – Кога се бореа Грците со Италијанците, а нашите думан фатија! – ја потсетивме. – Да, останавме, во градот, најмногу мајки со деца, старци.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бива така со некои луѓе, мислеше Петре: колку повеќе мразат, толку помеки стануваат, и си мислиш господ најпосле им го дотерал умот, а тоа тие само си ги присобирале змиските нозе и од пепелта на омразата кревале прашишта и думани, за да се пикнат во нив како чавки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Автобусот само подзапре и таа слезе губејќи се во високите думани усвитена прав што се кренаа повторно зад него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)