доцни (несв.)
САНЕ: А можеш малку да ја кренеш таа палка, мајсторе, веќе доцниме...
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Уште при тргнувањето возот доцнеше два часа и тоа време не успеа да го надомести. Во Минхен ја изгубивме врската со Келн.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше еден од убавите доцни есенски топли денови кога ја минав границата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Раѓањето на денот доцни за мене.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се гледа дека е налутен, а на лутината му доцнат зборовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разбира, стигнавме пред време. Дедо ми Баџак не поднесува доцнење.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ако некој поткажал, сигурно не ќе доцнат да тропнат и на нашата порта, на портите од сите куќи на маалото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Работите не одат на арно! – го промени веднаш текот на разговорот татко ми. – Со Сталин или без него, ние остануваме со нашите кози! – пресече Чанга. – Но независно од Сталин – продолжи татко ми – кај нас сигурно нема да доцнат „плановите за новата социјалистичка изградба”, кои секако ќе ги зафатат и нашите кози. – И во мене нешто коби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не доцнеа инструкциите од републичките и федералните центри.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гласина - Усна пошта, што никогаш не Етер - Бесконечна висина, во која доцни. обично летаат сите поети.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На човек во секој случај му е потребно да го замислува парот кој така разговара: доцни љубовници во доцно попладне, посткоитално опуштени и мокри од пот, кожа крај кожа. Маргина 34 57
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А таа, бидејќи е службеничка и работата не ѝ е премногу битна - таа сака да си доцни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Историјата не доцнеше многу. Тоа се случи по падот на сталинскиот комунизам во Албанија кога мамутските статуи на Сталин и Енвер Хоџа беа соборени во Тирана.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сите очекуваа да продолжам. Јас не доцнев: - И така завршуваше божјата волја. Почнуваше новото земно царство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И онака се доцни во преместувањето на екстратериторијалните плочи на следните неколку нивоа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој само ѝ рече дека веќе доцни.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со мало дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)