дофат (м.)
И за сето време, додека ја посегнуваше својата рака, сега веќе потклекнат, за сето време, додека ја приближуваше својата дланка до онаа кревко, подисплашено срнче притерано до ѕидот, мислеше само на тоа колку му е близок ножот, мачејќи се постојано да го има ножот во својот дофат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа прво далечни завивања, кои можеа да се дофатот само кога си заслушан, исчекувајќи ги токму нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги сечеме нагорнините и рамнините на Халкидик. Остануваат зад нас летувалиштата Агиа Триас и Переа, кои се на дофат на Солун, и токму затоа сѐ уште не се такви, какви што се среќаваат на секој чекор во длабочината на овој полуостров.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Близу се наоѓа споменикот на Балзак. На дофат е познатиот парк „Луксембург“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Самото сознание дека на дофат се наоѓаат инструменти со кои може да се следи движењето на далечните ѕвезди, веднаш пренесува до други сознанија, кои се надвор од доменот на тукашните разбирања за светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во ниедно време човеколиките, со кучешки маски на лицата, влегуваат во шаторите и првите што ќе им паднат на дофат со тупаници ги тераат надвор.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Направи план кои семејства кај ќе се селат, во кои села, подалеку од дофатот на непријателската артилерија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На дофат околу него секаква храна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дистинкцијата, која се пробива низ Германската идеологија, помеѓу марксистичка наука и чиста философска фантазија, е извонреден пример за тврдење кое го дофаќа она што Дерида го нарекува “полно присуство кое е вон дофатот на играта “ (1978, 279).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ноќе Богдан ги гледа јадрите и блескави ѕвезди спуштени над него, чиниш на дофат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Виртуелната реалност преминува во телеприсуство кога сте присутни од некое далечно место - „присутни” во смисла дека вие сте свесни за тоа што се случува, ефективни, во состојба да ги извршувате задачите по пат на набљудување, досегање, фаќање, движење на објектите како да ви се на дофат и како тоа да го правите со вашите сопствени раце.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Засади ги подземните цветови на вербата пред малиот бог во тебе да изврши харакири, за срцето да здивне во сенка од разум и нежност на дофат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Можеби искрите на теоријата на единственото обединето поле се на дофат. Паралелите со апстракцијата соблазнуваат.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И никако не можев да се вратам назад во сопствената кожа иако убаво ја гледав како стои збрчкана тука во автобусот на само еден мрзлив дофат на раката.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ова вовлекување што го прави Ренџов во овој ороводен танц на чиј почеток е тој самиот, а ние само го следиме зацртаниот од, шема, се сосема видливите и намерни вклучувања на севкупноста, на совршенството што постои некаде сосема надвор од дофатот на овој разигран збир.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
А решението дословно беше на дофат на рака - во оние недосегнати книги.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Набргу се најде на дофат на девојката, но патот му го блокираше еден огромен прол и една речиси исто толку огромна жена, веројатно негова сопруга, кои како да формираа непробоен ѕид од месо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)