дотекува (несв.)
А таа великодушно дотекувала од далечната шума и ја локала земјата како крт. Водата, а не лебот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А од полето дотекуваа разни бои, се разлеваа по нивите и по ливадите, се искачуваа по стеблата, заседнуваа на нови височини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Возот се преполнува, како постојано да дотекува народ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пијам и некои апчиња, ама млекото си иде, дотекува, натекува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тенок сноп светлина дотекува во оваа пештера Од сосем малиот процеп меѓу две карпи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако се помоча, да простиш, тој таму, гнасотијата дотекува кај нас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тие во неа надоаѓаат како да некогаш многу одамна, во некое најдалечно минато, некој ги заточил, па ете сега преку неа, преку нејзините алехмиски процеси на мислата, дотекуваат како надојдени реки, како незадржливи лавини што мораат да се излијат за да не изгнијат.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ја совладаа рој најлоши мисли и по нив дотекуваат други. Никоја не навестува радост.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја исполнува ливадата и шумата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)