достапен (прид.)
Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Доколку дрогата би била достапна само на регистрираните уживатели, нерегистрираните и понатаму би се снабдувале на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Поинаков вид на легализација би можел да биде достапноста на дрогите во државните продавници.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и нејзиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Објаснувајќи ги односите помеѓу несвесните ментални состојби и свеста, Серл го формулира својот принцип на врска: „Сите несвесни интенционални состојби се во принцип достапни за свеста“. (стр. 156).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа е прототип, интелигентен софтвер, што ќе му биде достапен на малиот човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пишпирик и Барбут- бег ги доближија главите и веќе пееја со издолжени шии: Трговци сме чесни, продаваме чуда, по достапна цена ви нудиме рудар.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со фонографија се карактеризира онаа класа на системи на писмо, во која сигнансот на јазиците не корелира со универзалните појмовни јазички категории, кои принципиелно им се достапни на сите јазички колективи на определено ниво од културен развиток.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пред сѐ, функцијата на електричните инструменти ќе биде тоа да овозможат потполна контрола на структурата од аликвотни тонови (наспроти шумовите), и да направат овие тонови да станат достапни на секоја фреквенција, амплитуда и траење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Поради класата, приходите и вродените способности, таа не е достапна секому.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Некои ќе речат дека, кога сѐ ќе се земе предвид, тоа останува работа на индивидуалниот вкус или талент, дека сите повеќекратни значења остануваат достапни при кој било пристап.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во секој случај, пред да ја реши таа дилема, Баге посегна по трненките и тогаш откри дека тие му се достапни само затоа што трновите го штителе од непријателите однадвор а не и од непријателите однатре.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од гледна точка на работникот, пак, новите одредби ја намалија достапноста и транспарентноста на новите работни места на пазарот на труд, особено за лицата кои немаат „врски“ или свои роднини помеѓу работодавците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)