долгунест (прид.)
- Ушчоме, не сме јабанџии, милозливо вели жената и му подава слатко од дуњи во црвеникаво ребресто поте на долгунаест порцелански послужавник, оивичен со тенка сребреникава метална плетенка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Жената седи чучната крај долгунест висок сандак преполнет со играчки од децата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Поштарот извади од чантата мал долгунест плик за синот на Димитар Никола, учител во пензија, дооден болникав старец.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И тој е заколнат, ми вели Оливера, ѝ свети долгунестото лице меѓу пуштената коса, црна како ѕивт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)