докај (предл.)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Насекаде докај што му допираше погледот, Цепенко виде забрзани луѓе и знамиња како се веат...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се качивме на Малимади и го гледаме полето докај што се мешаат реките Бистрица и Белица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Леле, Адо, кој сега ќе се влечка докај тебе со автобус, џенем е тој твој Аеродром! А и многу е жешко.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)