довечера (св.)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)