доверливо (прил.)
ИВАН: (Доверливо.) Луков доби задача, во најскоро време и со стопроцентна сигурност да го организира убиството на Ѓорчета Петров.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На чаша ракија рибарите по крчмите потшушнуваат доверливо дека Џемал-ага ги фрла кутрите девојки в море.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А полјакот си го чеша носот и доверливо вели: - Знам јас кој е, знам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По лицата име се гледа нешто восхитено, возбудливо и доверливо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Денеска Калчо нѐ извика и со шепотење доверливо ни соопшти: - Знаете ли каде се врти Славчо?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Посака сето тоа и уште повеќе од тоа да му го каже некому брзо без ред, доверливо - вистинското значење на зборот шпион се распливнува на туѓина, таму кришум се палче по својата земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Врховниот комитет минал во рацете на Цончев (иако претседател бил познатиот бугарски писател Стојан Михајловски), доверливо лице на Фердинанд, а Сарафов продолжил и натаму да се занимава со „револуционерна“ работа трудејќи се сега да се претстави како пријател на Македонската револуционерна организација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Потоа од доверливо лице-тенеќеџија капакот на тенеќиите се затворал, како што тоа се правело со шарлаганот, и тие се праќале по железницата на определена адреса во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На Грдан се чини не му беше јасно зошто ја гледаше бело, па Горда се наведна поодблизу да му објасни, толку доверливо што шепотеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да му се довери некому сонот поврзан со неговата судбина особено во тешките моменти од неговата егзистенција е можеби највисокиот степен на доверливо пријателство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Замисли си за момент дека сонуваш, тоа веројатно го можеш - доверливо ми се приближи таа преку масата - Или за момент поверувај дека си влегол во туѓ сон.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби пред сѐ заради она негово доверливо однесување со странката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Круме се сомневаше и во Ниротакис Алимакопулос, особено откако допреа до него, по линија на строго доверливо, информациите дека тој би можел да биде учесник во организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти преку тајни канали на јужната граница.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не морам да подвлекувам дека целата операција мора да биде спроведена со брзина и крајно строго доверливо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)