добродетел (ж.)
Од отец Арсенија разбра дека една од добродетелите и дури најглавната е неговата побожност.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако го видов Младичот, почна да ме буни: кому му е и зошто потребно да извалка една таква револуционерна чистота и добродетел, каква што е Младичот?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Е, синовите, тоа со жалење го доверуваше на блиски пријатели, не се угледаа на неговите добродетели.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одовде се гледа дека е повесело да Трпеливост - Добродетел, мошне лесна се ожениш, отколку да умреш, кога се поучуваат другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Разврска во театар - Во трагедијата, Трезвеност - Добродетел, што повеќе ја со смрт; во комедијата, со свадба. знаеме по име отколку по суштината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Зошто сме толку вљубени во нашите галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но што има интелектот со „добродетелта за народот“ и воопшто со добродетелта како таква?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ќе копам додека да се завири вирче, мало огледало, и додека да се видам себе си во него, победите и славите, и сета добродетел моја. Да, мојата добродетел!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Библијата ги принудуваше Евреите и христијаните да трагаат по бесмртноста покорувајќи се на Бога, останувајќи верни на добродетелите и правдината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)