диференцира (св. и несв.)
Холанд го диференцира својот третман и заклучоците што се однесуваат на Хјумовата мисла од останатите феминистички објаснувања.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Кога конструктот е дефиниран интензионално, неговата комплетна дефиниција вклучува три поими: генеричката природа (пр. вид) и биполарните опозити во кои тој се диференцира (пр. машко/женско) . . .
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
- Успешната мешавина од институционализирани и не-институционализирани начини на регулација овозможува понатамошно заклучување за социјално-психолошкиот праг на дразба и ги диференцира видовите на социјален инженеринг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Партијата на Луција реши да ги диференцира младите; бараше да се декларираат, и затоа отпочна широка акција на „анкетирање“ по сите школи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)