дигитален прид.

дигитален (прид.)

Алтернатив­ните светови со дигитален изглед се некаква кулминација на тој немир.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Замислете си ги тие огромни синџири архиви, океани дигитални библиотеки, џунгли дигитални слики.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А тоа е дигиталната слика на светот, каква што ни ја предлага науката и ни ја прикажуваат компјутерите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тука се потпираме врз размислувањата на при крајот на 1991 год. трагично починатиот теоретичар на телематичното дружење Vilem Flusser, којшто во својата расправа Дигитален изглед запишал: „Авантурата на очовечувањето, со нас, стапува во нов период.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со употребата на новата опрема - ракавиците и “cyber-suit”-от, коишто се всушност ништо друго туку обновена тастатура или глушец, со начинот на употреба на сопственото тело за пренесување на сигнали на компјутерот и со очилата ќе ги истражиме дигиталните виртуални стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Производството, понудата и продажбата на „hypertext reality“ опремата, на дигиталните информации ќе биде исто толку важно, колку и производството, понудата и продажбата на храна, метални и рачно изработени производи во феудализмот и продажбата на нафта, електрична енергија и земен гас во индустриското доба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За Легради, преминот од оптичко-механичка кон дигитална технологија доведе до едно ново поле на репрезентација коешто Пол Вирилио го нарекува „инфографија“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ободрена, ставена во шема и проценувана за она што го прави, индивидуализираната толпа мора да биде доведена до состојба на спремност за дигиталните норми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа миграција преку екраните во дигиталниот инфо-свет ја означува првата фаза на пост-индустриското општество.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сите ќе употребуваат дигитални орудија за да станат графички уметници.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овие евтини дигитални орудија веќе го претворија домот во киберстудио во кое поединецот ќе дизајнира, уредува, изведува и пренесува идеи (меми) на својот екран.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Младите дигитални алхемичари во своја команда имаат орудија на разјаснување и моќ кои нивните претходници не можеле ни да ги замислат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 44
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред четири години Холанд ја започна својата работа со симулација на екосистем во кој дигитални организми се обидуваат да опстанат и да се размножат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Nobel очигледно е продолжение на работата на друг дизајнер, кој бил оневозможен да ги направи неопходните исправки за да го ревитализира фонтот за дигитална сфера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Врз таа изјава може да се изгради тезата според која Граси е всушност Нет-уметник бидејќи користи една форма типична за Интернет, колективната креативност, како што заклучи теоретичарот Фрањо Рихтман: „Дигиталниот домен нуди нелинеарна околина... која го охрабрува развојот на колективната форма на работа, кадешто детериторијализацијата на традиционалната творечка структура овозможува разнородност и нестабилност и нуди можност за продуктивна различност”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму врз тие поставки современата наука и техника ја побудија индустриската револуција и на крајот го создадоа дигиталниот изглед.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Алтернативните светови со својот дигитален изглед само се кулминација на тој немир.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Денес јазикот се преговара и означува низ комплексни протоколи коишто управуваат со идеолошкиот однос спрема дигиталниот текст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како усвитен метал, дигиталната буква стана правоаголно тело, и тие тела се претопуваа едни во други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во окружување на новите електронски и дигитални медиуми типографијата создава нови правила и постапки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе