дерт (м.)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Песната, полна со љубовен дерт, пееше за љубовта на зрел маж кон девојка што свири на ут, таа ориентална лаута, во еден кафѐ-шантан од истиот овој град, кој тогаш, ги пречека со својата медитеранска топлина, ориентална страст и егзотична насмевка.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)