деноноќен (прид.)
Се разбира дека присуството на д-р Сотировски, единствен Југословен во Париската опсерваторија, која со макотрпна и деноноќна работа се пробива во врвовите на науката, ми овозможи уште полесно да се вовлечам во многуте катчиња од опсерваторијата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Укажа посебно на сериозноста на пишување проза - што бара трпеливо прибирање податоци, критички однос кон нив, формирање ликови, макотрпна деноноќна работа - некогаш на машина за пишување, а сега на компјутер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Затоа материјалното уживање треба да се сведе на минимум, а да се достигне максимумот на исполнување во духовната сфера на опстојување, која има долг пат за да научи како да се справи со искушенијата на сладострасните мамки во деноноќните игри на ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Резултати без зборови, тоа е деноноќна работа на моќните... а моќта е начин и умеење како, да се владее со човештвото... моќта е сираче без резултат!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Завиткани во крвави, валкани завои, одмораат од истоштувачките деноноќни борби и од долгото ноќно патување растресени на коњските грбови и носилките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)