демонстрант м.

демонстрант (м.)

Чув дека за растурање на демонстранти во париската полиција имало специјални борбени одреди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Експлодираа шишињата со бензин, кои ги фрлаа демонстрантите, врз полицијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се појави густа редица демонстранти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во насловната секвенца слушате извици на демонстранти: Демократија! Демократија!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Обезбедувањето во трговските центри редовно ги исфрла мирните демонстранти заради попречување на купувањето, па дури и штрајковите се незаконски во рамките на овие затворени простори.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој дури и ги цитира зборовите на демонстрантите, кои извикувале: „Ние не сакаме да одиме на Берлин, сакаме да одиме на Солун“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)